mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Известување за поднесување на барања за легализација на бесправно изградени објекти

  • 29 декември 2017
  • Број на прегледи: 1023
  • 1 Коментари

Општина Центар ги известува граѓаните дека од 1-ви јануари 2018-та година ќе стапи во сила измената на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, каде што сите оние граѓани кои не успеале во претходните три рока да достават барање за легализација на објекти, а на кои објекти заклучно со 3 март 2011-та година се изведени градежните и инсталатерските работи во целост и истите претставуваат градежна и функционална целина, можат да поднесат барање за утврдување на правен статус на бесправен објект од денот на започнувањето на примената на овој закон односно од 1 јануари до 31 декември 2018-та година.

Исто така оние кои поднеле барање за легализација во 2011-та година односно во рокот од 7 март 2011-та од 3 септември 2011-та година, а согласно законот не доставиле геодетски елаборат до 31 декември 2016-та година, ќе можат повторно да достават барање за легализција во рок од 1 јануари до 30 јуни 2018-та година.

Напомена: Барањата кои ќе се поднесуваат одново од 1 јануари до 31 декември 2018-та година или од 1 јануари до 30 јуни 2018-та година, мораат да бидат комплетни, односно да ги имаат следните документи:

·         Геодетски елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект и во електронска форма со имотен лист за земјиштето на кое е изграден бесправниот објект во оригинал.

·         Уверение за државјанство или копија од лична карта за домашно физичко лице, односно копија од патна исправа за странско лице. За домашно и странско правно лице, извод од Централен регистар на Република Македонија, односно од соодветната институција во државата во која странското правно лице има седиште.

·         Доказ за приклучок на комунална инфраструктура и/или сметки за јавни услуги (струја, вода итн.), со датум пред 3 март 2011-та година. Доколку бесправниот објект нема инфраструктурни приклучоци, потребна е изјава заверена на нотар дадена под кривична и материјална одговорност со која барателот ќе потврди дека бесправниот објект е изграден пред влегувањето во сила на овој Закон.

Во спротивно  ако со  барањето нема да ја достават потребната документација утврдена со  Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на Република Македонија“ број 23/11, 54/11, 155/12, 53/13, 72/13, 44/14, 115/14, 199/14, 124/15, 129/15, 217/15 и 31/16), надлежниот орган ќе им го одбие барањето за утврдување на правен статус на бесправен објект

За оние баратели кои доставиле барање за легализација до 31 март 2016-та година, а до 31 декември 2017-та година не доставиле  геодетски елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект, рокот за достава на истите се продолжува до 30 јуни 2018-та година.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
5.0

1 коментари за веста "Известување за поднесување на барања за легализација на бесправно изградени објекти"

VMP

26.08.2018 07:07

Што со оние кои уредно на време поднеле елаборат, а не можат веќе со години да легализираат градба затоа што ненамерно, без наење навлегле само 25 цм во плацот на соседот? Тоа по селските атари е редовна појава. Велат настанати се грешки поради снимањето. Што ако од инает соседот не дава изјава кај нотар? Доволно е некој предедо да го опцул неговиот предедо пред 80 години, па да не дава согласност иако и двајцата појма немале каде е меѓата и оградата со децении стои на исто место. Овој проблем ќе остави бројни нерешени барања за легализација иако елаборатите се предадени на време и направени се многу обиди да се реши катастарскиот проблем од 25-30 цм навлезеност. Никаква корист од продолжувањето на роковите ако не се реши овој многу чест проблем. еве, во Катланово тоае редовна појава.

Благодарам што одвојувате време да го прочитате коментарот.

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.