mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Наместо за дрва за бадникарски огнови, парите за ново зеленило и социјална помош

  • 29 декември 2017
  • Број на прегледи: 113
  • 0 Коментари

Општина Центар, оваа година нема преку донации на дрва по месните заедници да поддржува големи палења на бадникарски огнови речиси во секое маало.

Општината со ова ќе придонесе за намалување на проблемот со загадувањето на воздухот и животната средина. Градоначалникот Саша Богдановиќ ги почитува традицијата и верските празнувања, но многу поважно за Центарци е да нема дополнително загадување на воздухот со горењето на дрва.

Средствата кои изминатиот период беа наменети за бадникарски огнови, оваа година ќе бидат пренаменети за поставување ново зеленило и за социјалните случаи и програми во Центар.

Општина Центар апелира до граѓаните да се воздржат од палење на големи огнови за да дишеме сите почист и поквалитетен воздух.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.