mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Општина Центар и МВР со апел: Не оставајте вредни предмети во становите и возилата

  • 28 декември 2017
  • Број на прегледи: 293
  • 0 Коментари

Општина Центар и МВР-СВР Скопје денеска го започнаа проектот “Превенција од имотни деликти – кражби во куќи и станови и кражби во возила“.

На возачите и случајните минувачи, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ и претставници од МВР-СВР Скопје, им делеа освежувачи со пораки, “Внимателна заедница е безбедна заедница“ и “Не оставајте вредни предмети во автомобилот“.

“Втора година по ред општина Центар заедно со МВР ја спроведува оваа акција со која апелираме до граѓаните да внимаваат и да не оставаат вредни предмети во становите и во возилата. Сакам да ја нагласам одличната соработка со МВР, особено со полициската станица Центар“, рече Богдановиќ.

Ова е прв дел од проектот кој се одвива како предупредување до граѓаните особено да се внимателни околу новогодишните и божиќните празници. Информативни табли ќе бидат поставени во влезовите на зградите со совети за поголема безбедност.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.