mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Општина Центар започна со реконструкција на краците на “Питу Гули“ на Водно

  • 27 декември 2017
  • Број на прегледи: 61
  • 0 Коментари

Општина Центар започна со реконструкција на краците на улицата “Питу Гули“ на Водно.

Извршено е гребење на улицата и истата ќе се асфалтира во должина од 210 метри, ширина 3,8 метри и џебови за паркирање.

Завршниот слој ќе биде од асфалт бетон, а оштетените рабници ќе бидат заменети со нови. Со ова ќе се надмине деценискиот проблем на жителите, бидејќи краците на оваа улица беа комплетно оштетени, што претставуваше опасност по безбедноста на патниците и сообраќајот. Извршено е нивелирање на делови на улицата, со што ќе се премости проблемот со собирање на атмосферските води.

Во наредниот период општина Центар ќе започне со решавање на проблемот кој што се јави по поставуање на подземни инсталации, како што се нови фекална и атмосферска канализација, што предизвика пропаѓање на делови на улицата по враќањето на препознатлицата коцка на улицата.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.