mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Средба Богдановиќ - Бабиќ

  • 26 декември 2017
  • Број на прегледи: 366
  • 0 Коментари

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, оствари средба со амбасадорката на Босна и Херцеговина, Н.Е. Лепа Бабиќ во нејзината резиденција.

Бабиќ му честиташе на Богдановиќ за убедливата победа на локалните избори и му посака успешен мандат.

Двајцата соговорници разменија мислења за актуелната политичка состојба во Република Македонија. Се согласија дека за Република Македонија е приоритет да продолжи со реформските процеси на сите полиња и со досега успешните чекори на патот кон ЕУ и НАТО.

Договорена е соработка на повеќе полиња и потпишување на спогодба за збратимување на општина Центар со Централна општина во Сараево.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.