mk-MKen-US
Општина
Центар

Архива

Новости

Моја градинка од соништата

  • 22 декември 2017
  • Број на прегледи: 424
  • 0 Коментари

Новогодишна атмосфера во домот на Снежана и седумте џуџиња и убавините на водниот свет, ова го изработија децата и вработените во центарските градинки во рамките на проектот на општина Центар, Моја градинка од соништата.

Целта на оваа активност е да се поттикне креативниот дух кај децата за да осмислат градинка по нивна мерка.

“Одушевен сум од креативноста кај најмладите, им честитам и на негователите и воспитувачите, изборот на жирито беше навистина тежок за да се одбере градинка од соништата, бидејќи сите беа најубави. Ве поттикнувам да продолжите да се забавувате и да создавате. Јас како градоначалник сум тука за се што ви треба“, рече градоначалникот Саша Богдановиќ на денешната манифестација.

Првонаградена е градинката “13-ти Ноември“ – Објект Парк, кои заедничкиот хол го уредија во духот на бајката Снежана и седумте џуџиња во снежното кралство. Втората награда ја поделија градинките “Кочо Рацин“ – Објект Наум Наумовски Борче и “Раде Јовчевски Корчагин“, кои ги уредија своите занимални во концептот морски свет. 

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
4.5

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.