mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Проектот “Центар се грижи за возрасните“ и следната година, со нови побогати содржини

  • 7 декември 2017
  • Број на прегледи: 207
  • 0 Коментари

Општина Центар во 2018 го продолжува проектот, “Центар се грижи за возрасните“, за нега на возрасните граѓани кои живеат на територија на општината.

Моментално акцијата паузира а во наредната година ќе бидат склучени нови договори кои ќе имаат важност цела година  со нови содржини и поволности. За 2018-та година за оваа намена, општина Центар ќе издвои поголем буџет. Голем е интересот на граѓаните на општината за овој проект и за реализацијата од страна на Здружението „Хуманост“. 

Оние граѓани кои ќе добијат вакви субвенции, како и досега првично ги посетува социјален работник, кој ги нотира нивните потреби од медицинска нега. Потоа, земјаќи ги предвид индивидуалните потреби на секој граѓанин, се одредуваат бесплатните услуги и помош која треба да му се пружи на секој корисник одделно.

Лиценцирани негователи ќе ги посетуваат лицата 3 пати неделно за да се добие потребната нега.

Физиотерапевт кој ќе ги посетува два пати во неделата или 8 пати месечно за лицата кои имаат потреба од физикална терапија.

Новина е тоа што еднаш месечно корисниците ќе ги посети медицинска сестра или психолог во зависност од потребите на корисниците.

Стручна комисија, при изборот ќе води сметка за социјалниот статус, финансиската и здравствената состојба на лицето кое аплицира за помош.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.