mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Акција за расчистување на сметот во Центар

  • 5 декември 2017
  • Број на прегледи: 44
  • 0 Коментари

Заболени и стари дрвја, суви гранки кои се опасност за граѓаните, 2 диви депонии со смет од храна, предмети од домаќинството, облека, беше сликата во делови од централното градско подрачје.

Град Скопје овие 2 дена акцијата за чистење на сметот од целата територија на градот ќе ја реализира на територија на општина Центар.

Вклучени се сите јавни претпријатија и 200 лица ангажирани од градот, како и вработени од општина Центар. Се чисти на 6 пункта, со камиони се чистат депониите на улица “Самоилова“ на Кале и во Крњево, позади Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“.

Се кастрат и отстрануваат оштетените и стари дрвја. По ова чистење, општина Центар ќе го зазеленува просторот, а на местата на заболените дрвја, ќе бидат засадени нови.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.