mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Одржана 3-тата седница на Советот на општина Центар

  • 1 декември 2017
  • Број на прегледи: 93
  • 0 Коментари

Вчера, четврток (30.11.2017), во салата на Советот на општина Центар се одржа 3-тата седница. 

На дневниот ред за работа на седницата предложени беа 27 точки:

1. Предлог-решение за именување членови на Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта “Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје

2. Предлог-решение за именување на членови на Надзорниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта “Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.

3. Предлог-одлука по Годишниот извештај за работа на Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар-Скопје „13 Ноември“-Скопје за 2016/2017 година. 

4. Предлог-одлука по Годишната програма за работа на Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар-Скопје „13 Ноември“-Скопје за 2017/2018 година. 

5. Предлог-одлука по Годишниот извештај за работа на Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар-Скопје „Кочо Рацин“-Скопје за 2016/2017 година. 

6. Предлог-одлука по Годишната програма за работа на Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар-Скопје „Кочо Рацин“-Скопје за 2017/2018 година. 

7. Предлог-одлука по Годишниот извештај за работа на Јавната установа  за деца Детска градинка на Општина Центар-Скопје „Раде Јовчевски Корчагин“-Скопје за 2016/2017 година. 

8. Предлог-одлука по Годишната програма за работа на Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар-Скопје „Раде Јовчевски Корчагин“-Скопје за 2017/2018 година. 

9. Предлог-одлука за избор на член во Одборот за соработка и доверба    со јавноста на Правен факултет-Скопје, во состав на Универзитетот   „Св. Кирил и Методиј“-Скопје.  

10. Предлог-решение за именување претставници на Општина Центар-Скопје во Управниот одбор на Јавната установа за деца Детска    градинка „Кочо Рацин“-Скопје. 

11. Предлог-решение за именување претставник/ци на Општина Центар-Скопје во Училишниот одбор на Општинското основно училиште „Кочо Рацин“-Скопје. 

12. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за донесување Правилник за систематизација на работните места во ЈУДГОЦ „13 Ноември“-Скопје. 

13. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за донесување Правилник за внатрешна организација на работните места во ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“-Скопје.

14. Предлог-решение за именување командант на Штабот за заштита и спасување на Општина Центар-Скопје. 

15. Предлог-решение за именување началник и помошници на началникот на Штабот за заштита и спасување на Општина Центар-Скопје. 

16. Предлог-програма за измена и дополнувања на Програмата за урбано планирање „Ф“ на Општина Центар-Скопје за 2017 година. 

17. Предлог-програма за измена и дополнувања на Програмата за комунални дејности на Општина Центар-Скопје за 2017 година. 

18. Предлог-програма за измена и дополнувања на Програмата за заштита на животната средина на Општина Центар-Скопје за 2017 година. 

19. Предлог-програма за измена и дополнувања на Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2017 година. 

20. Предлог-програма за измена и дополнувања на Програмата за образование на Општина Центар-Скопје за 2017 година. 

21. Предлог-програма за измена и дополнувања на Програмата за здравствена, социјална заштита и заштита на деца на Општина Центар-Скопје за 2017 година.

22. Предлог-решение за именување претставници на Општина Центар-Скопје во Училишниот одбор на Општинското основно училиште “11 Октомври“ – Скопје

23. Предлог-решение за именување претставници на Општина Центар-Скопје во Училишниот одбор на Општинското основно училиште “Коле Неделковски“ – Скопје

24. Предлог-решение за именување претставници на Општина Центар-Скопје во Училишниот одбор на Општинското основно училиште “Јохан Хајнрих Песталоци“ – Скопје

25. Предлог-решение за именување претставници на Општина Центар-Скопје во Училишниот одбор на Општинското основно училиште “Димитар Миладинов“ – Скопје

26. Предлог-решение за именување претставници на Општина Центар-Скопје во Училишниот одбор на Општинското основно училиште “Гоце Делчев“ – Скопје

27. Предлог-решение за именување претставници на Општина Центар-Скопје во Училишниот одбор на Општинското основно училиште “Св. Кирил и Методиј“ - Скопје 

Од предложените 27 точки, не се усвоени програмите за работа на трите центарски градинки (13-ти Ноември, Раде Јовчевски Корчагин и Кочо Рацин), како и годишните извештаи за работа на градинките Кочо Рацин и Раде Јовчевски Корчагин.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.