mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови

  • 20 ноември 2017
  • Број на прегледи: 194
  • 0 Коментари

Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. весник на РМ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16) Градоначалникот на Општина Центар-Скопје распишува

 

Ј А В Е Н   П О В И К

 

за доставување иницијативи за изработка на

урбанистички планови

 

 

          Јавниот повик се распишува во согласност со член 21 став (1) од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. весник на РМ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16).

            Јавниот повик ќе трае од 20.11.2017 до 20.12.2017 година или 30 дена, сметано од објавувањето во дневниот весник „Слободен печат“.

          Во текот на јавниот повик, сите заинтересирани физички и правни лица можат да достават иницијативи за изработување и донесување на урбанистички планови од членот 7 став (1), точка 2, алинеја 2 и 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма преку архивата на општината.

          Предмет на иницијатива може да биде донесување нов урбанистички план или изменување и дополнување на важечки урбанистички план, со образложение за бараните изменувања и предлог за планскиот опфат.

          За доставените иницијативи подносителите ќе бидат известени во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма, во рок од 15 работни дена по истекот на рокот за доставување на иницијативи.

          Средствата за прифатените иницијативи за изработување и донесување на урбанистичките планови треба да ги обезбедат правните или физичките лица подносители на иницијативите.

          Јавниот повик ќе биде објавен на интернет страната на Општина Центар-Скопје, www.opstinacentar.gov.mk, на огласна табла во општината, во информацискиот систем е-урбанизам, во „Службен гласник на Општина Центар - Скопје“ и во дневниот весник „Слободен печат“.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.