mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Вработените во општина Центар ќе ги уживаат сите права од работен однос-средба Богдановиќ-УПОЗ

  • 14 ноември 2017
  • Број на прегледи: 32
  • 0 Коментари

Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ денеска оствари средба со Пецо Грујовски, претседател на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ).

Богдановиќ го искажа своето задоволство од средбата и јасно и искрено посочи дека како градоначалник, согласно законските прописи, ќе се залага вработените во општината да ги уживаат сите права од работен однос.

За таа цел договорено е правата и обврските на вработените да бидат регулирани со Колективен договор.

Со овој Колективен договор, кој по усогласувањето ќе биде потпишан,  ќе се уредуваат, во согласност со закон, правата, обврските и одговорностите на договорните страни, а особено склучувањето, содржината и престанокот на договорот за вработување и други прашања од работните односи , како и начинот и постапката за решавање на меѓусебните спорови

Со овој Колективен договор не можат да се утврдат помали права или понеповолни услови за работа од правата, односно условите утврдени со Закон.

Во посебен дел ќе бидат предвидени правата на членовите на Синдикатот.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.