mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Јана Белчева Андреевска избрана за претседател на Советот на општина Центар

  • 6 ноември 2017
  • Број на прегледи: 151
  • 0 Коментари

Со 15 гласа “За“ и 6 “Воздржани“, од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Јана Белчева Андреевска е избрана за претседател на Советот на општина Центар.

“Ќе ја следиме Вашата работа и брзо ќе очекуваме резултати“, порача претседавачот со седницата, Цветанка Симоновска.

Јана Белчева Андреевска беше носител на листата за советници предводена од СДСМ.
Белчева Андреевска за советник беше предложена од иницијативата “Во одбрана на Дебар Маало“.

Новиот претседател на Советот на општина Центар е дипломиран електро-инжинер и работи како консултант ГИС системи и ИТ.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
3.0

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.