mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

“И ние децата сме учесници во сообраќајот“, по втор пат во општина Центар

  • 27 октомври 2017
  • Број на прегледи: 104
  • 0 Коментари

Учениците од седумте основни училишта во општина Центар по втор пат беа дел од активноста “И ние децата сме учесници во сообраќајот“, во рамки на општинскиот проект “Цел Центар на точак“.

Основното училиште “Јан Хајнрих Песталоци“ беше домаќин на 58 ученици од шесто до девето одделение, кои во две категории се натпреваруаа во вешто возење на велосипед. Учесниците се натпреваруваа во пет вештини за побезбезбедно и поодговорно учество во сообраќајот. Најдобрите тројца од двете категории ќе бидат наградени со соодветна велосипедска опрема.

Овој проект има за цел да го промовира возењето велосипед како најдобар начин на комуникација и да стави акцент на вештото возење наспроти брзото возење.

Општина Центар продолжува активно да работи на подигање на свеста на своите граѓани од сите возрасти за важноста на безбедниот сообраќај и здравата животна средина.

 

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
5.0

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.