mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

На први октомври започнува проектот “Образование без пречки“

  • 29 септември 2017
  • Број на прегледи: 180
  • 0 Коментари

Во општина Центар се одржа координативен состанок со 15-те избрани лични асистенти за помош на децата со попреченост во развојот. Тие се ангажирани за реализација на проектот “Образование без пречки“ во основните општински училишта, кој го спроведува општина Центар во соработка со УНДП и Агенцијата за вработување.

Направен е распоред кој асистент во кое школо ќе биде ангажиран и кои се нивните задачи. Двајца дефектолози, редовно ангажирани од општина Центар, ќе го надгледуваат и организираат процесот, а наредната недела децата ќе се запознаат со асистентите.

Ангажираните лица се невработени, а на учениците во текот на целата работна недела, по 4 часа во текот на денот, ќе им пружаат помош при движење низ училиштата, помош при користење на дидактички материјал во текот на наставата и при извшрување на училишните обврски, како и олеснување на комуникацијата на учениците со наставниците.

Со реализација на проектот се очекува 15 ученици, кои има наод од лекар и согласност од родителите, да остварат подобар успех при совладување на наставниот материјал, да им биде олеснет процесот на интеграција и да се зголеми свесноста кај останатите ученици за потребите на децата со попречености.

Асистентите ќе примаат месечен надоместок од 6200 денари, а проектот започнува на 1-ви октомври и ќе трае до 10-ти јуни, односно до крајот на учебната година.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.