mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Образование без пречки – проект на Центар и УНДП

  • 25 септември 2017
  • Број на прегледи: 101
  • 0 Коментари

Општина Центар, во соработка со УНДП и Агенцијата за вработување, започнува проект “Образование без пречки“ во основните општински училишта. Општината потпиша меморандум за реализација на проектот со кој ќе бидат обезбедени 15 лични асистенти за помош на децата со попреченост во развојот.

Ангажираните лица се невработени, а на учениците во текот на целата работна недела, по 4 часа во текот на денот, ќе им пружаат помош при движење низ училиштата, помош при користење на дидактички материјал во текот на наставата и при извшрување на училишните обврски, како и олеснување на комуникацијата на учениците со наставниците.

Со реализација на проектот се очекува 15 ученици, кои има наод од лекар и согласност од родителите, да остварат подобар успех при совладување на наставниот материјал, да им биде олеснет процесот на интеграција и да се зголеми свесноста кај останатите ученици за потребите на децата со попречености.

Асистентите ќе примаат месечен надоместок од 6200 денари, а проектот започнува на 1-ви октомври и ќе трае до 10-ти јуни, односно до крајот на учебната година.

За асистентите ќе биде организирана неколкудневна обука за запознавање со детето, училиштето, наставниот кадар и опкружувањето.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.