mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Реакција на општина Центар на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ

  • 7 септември 2017
  • Број на прегледи: 147
  • 0 Коментари

ВМРО-ДПМНЕ повторно без срам ја манипулира јавноста дека во општина Центар ќе се населеле мигранти. Во општината, ниту министерството за труд и социјална политика испратило барање за локации за градба на објекти, ниту пак се градат било какви објекти наменети за мигранти.

Темата мигранти е фиктивна конструкција на ВМРО-ДПМНЕ која на терен ја реализира граѓанската иницијатива “Будење”. Во неколку општини и градови граѓанската иницијатива “Будење” собираше потписи против населувањето мигранти, со една и јасна цел- да го заплашат народот. Но ова сценарио го срушија самите собирачи на потписи, а потврда за тоа се и фотографиите во кои се гледа како граѓаните од иницијативата ги внесуваат масите во општинскиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во населбата Аеродром. Затоа и на вчерашната седница на Советот на општина Центар, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ немаше аргументирано образложение зошто бара ваква точка итно да се стави на дневен ред.

Оттука, почитувани ВМРО-ДПМНЕ, научете дека довербата кај граѓаните се добива единствено преку работа и дела, а не преку валкани сценарија.

Наместо да се бавите со непостоечки теми, работете.

Не обвинувајте за обезбедување работни места, подобар стандард и егзистенција.

Вие сте тие кои со лажните ветувања 10 години го замајувавте народот. Вие сте тие кои им го срушија сонот на многумина дека животот ќе им биде поубав.

Бидете паметни и во иднина покажете колку ви е грижа со проекти и дела.

Бидете здрава и разумна опозиција за уште посветла иднина.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.