mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Антикорупциска пресече – ќе има нови вработувања за јаслите во “Кочо Рацин“

  • 6 септември 2017
  • Број на прегледи: 157
  • 1 Коментари

Конечно ќе може да се реализира она што родителите со нетрпение го очекуваа. Ќе се отворат две групи јасли за згрижување на најмладите во градинката “Кочо Рацин“.

Надмината е последната пречка и добиена е согласност од Државната комисија за спречување на корупцијата, која потврди дека не постои законска пречка детската градинка да ја реализира постапката за вработување на девет лица на работните места – 7 негователи, 1 помошник готвач и 1 воспитувач.

Комисијата оценила дека се работи за вработување за итни и неодложни работи. Дека состојбата е итна и алармантна, говореа дваесеттината барања и интервенции на директорката на градинката и градоначалникот на општина Центар до Министерството за труд и социјална политика. Претходната власт за ова немаше разбирање, па затоа согласноста е добиена пред 2 месеци.

Педесетина деца до двегодишна возраст чекаа  да бидат сместени во групите јасли, иако градинката располага со празни занимални токму за оваа намена од најсовремен вид. Јаслите, како и целата градинка, се комплетно и модерно опремени, со подно греење, со кујна по европски стандарди, со посебен влез и лифт.

Претходната владеачка гарнитура не дозволуваше вработувања како замена на лицата кои веќе биле пензионирани. Со промената на власта, се очекува и откочување на други процеси и проекти кои беа блокирани од политички причини.


Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
5.0

1 коментари за веста "Антикорупциска пресече – ќе има нови вработувања за јаслите во “Кочо Рацин“"

ivance

14.09.2017 10:59

Koga ke ima oglas za vrabotuvanje vo gradinkata koco racin.

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.