mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Заврши конкурсот за “Градски парк“ – пристигнати се 15 трудови

  • 5 септември 2017
  • Број на прегледи: 92
  • 0 Коментари

Зарши конкурсот за избор на идејно решение за повеќенаменска спортска сала “Градски Парк“, кој го распиша Oпштина Центар.

По барање на архитектите, рокот беше продолжен и конкурсот траеше 60 дена.

Пристигнати се 15 трудови, а жири комисијата во состав: професор од архитектонски факултет, член на асоцијацијата на архитекти и тројца вработени во Центар, деновиве ќе ги оценуваат трудовите и јавноста ќе биде транспарентно известена. По ова, Општина Центар ќе организира изложба на наградените.

Добитникот на првата награда за избрано наградно решение ќе добие 300.000 денари, второнаграденото дело 180.000 денари, а третонаградениот 120.000 денари.

Комисијата ќе ги цени трудовите според однапред утврдени критериуми: оригиналност, креативност, инвентивност, функционалност, естетика.

Општина Центар ќе гради повеќенаменска спортска сала со капацитет до 3000 седишта, што ќе ги задоволи меѓународните стандарди за современо спортување на европско и светско ниво.

Ова е трет проект од ваков тип со кој се бираат најдобрите трудови и се мотивираат архитектите. Досега транспарентно, на конкурс, се избрани најдобрите трудови за новото основно училиште во Капиштец и за објектот “Езерце“.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.