mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Прв училишен ден за 590 првооделенци во општина Центар

  • 4 септември 2017
  • Број на прегледи: 305
  • 0 Коментари

Исчекување, неизвесност и насмевки кај 590 првачиња во 7-те основни училишта во општина Центар. Интересот  кај родителите да нивните деца почетокот на своето образование го стекнат токму во оваа општина е се' поголем. Во изминатите 4 години, тој број е зголемен за 90 нови првооделенци.

Среќата на првиот училишен час во седумте општински училишта, денеска децата, родителите и наставници ја споделија со градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски и претставници на општината.

Учениците од училиштето “Коле Неделковски“, годинава како роденденски подарок, 60-ти по ред, добија подобри ислови  за учење, со донација на “Филип Морис ТКП“. Заменети се старите подови, варосани се ѕидовите, има нови врати, реновирана е училишната библиотека, набавени се географски карти, смарт табли, нови клупи и столчиња за првачињата, лап топ-и и прожектори, а ќе се постави и ограда околу училиштето. Ова е денот кога сите се возбудени, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

“Општина Центар вложува во развојот на образовниот процес и во нашата иднина, а тоа се децата. За растеретување на семејниот буџет, и оваа година на товар на општината, а не на родителите, ќе биде обезбедувањето, еднодневната екскурзија и средствата за хигиена. И годинава ќе бидат наградени најдобрите предметни и одделенски наставници, а стипендии ќе добијат најдобрите ученици, спортисти и деца од семејства со социјален ризик од сите седум основни училишта“, рече градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.

Генералниот директор на “Филип Морис ТКП“, Михаил Солтер ги повика и другите компании да го следат нивниот пример и да донираат за подобрување на условите во училиштата, бидејќи квалитетно образование е најважен столб на една држава.

Нови знаења, вештини и пријателства, претставниците од Општина Центар им посакаа и во сите други основни училишта, но и во најстарото основно општинско училиште, “Св. Кирил и Методиј“.  Училиштето кое минатата година прослави 180 години од своето постоење, доби реконструиран приземен дел од објектот, нов хол, 4 реновирани училници. Дотраените подови од ламинат се заменети со нови од винилна подлога.

Општина Центар овозможи поквалитетен образовен процес и во основното училиште “11-ти Октомври“, санирани се две училници, молерисани се ѕидните површини, а обновени се и радијаторите и столаријата. Се изврши санација на два кабинети, по музичко и ликовно образование, а уништените подови од поплавата се заменети со нова винилна подлога.

Училиштето “Гоце Делчев“, преку доградбата, добива 4 нови училници и 3 помошни простории. Со реконструкцијата, училиштето има сутерен, приземје и два спрата, за многу подобри услови за квалитетно образование. За успешен почеток на учебната година, првачињата добија пригодни подароци од Општина Центар.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
5.0

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.