mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

По 35 години, реконструирана градинката “Корчагин“

  • 10 август 2017
  • Број на прегледи: 49
  • 0 Коментари

По речиси 4 децении, матичниот објект на најстарата градинки во општина Центар, “Корчагин“, е реконструиран.

Децата во објектот кој се наоѓа зад Градска болница, престојуваа во несоодветни услови, прозорците и креветчињата беа стари и дотраени. Фасадната столарија не беше сменета цели 35 години, при што се губеше голем дел од топлинската енергија и децата не беа соодветно заштитени од студ и провев.

Општина Центар замени 102 прозори и постави нови и модерни прозори, како и 6 коморни прозорци, кои се енергетски ефикасни, со 4 сезонско стакло.

Заедно со новите 18 поставени врати, градинката “Корчагин“ сега ги исполнува сите стандарди за енергетски ефикасен објект за престој на 240 деца и 40 воспитувачи.

Пред реконструкцијата, потрошувачката на електрична енергија изнесуваше 121,95 Kwh на м2 годишно, а сега 60 Kwh.

Почитувајќи го начелото на транспарентно работење, Општина Центар и Форумот на заедницата  организираа  граѓански форум, на кој невладините организации и граѓаните изгласаа токму реконструкцијата на матичниот објект на градинката “Корчагин“ да биде проект кој треба да биде поддржан.

Половина од средствата за реконструкција ги обезбеди општина Центар, а другата половина Фондација Отворено Општество Македонија.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.