mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Општина Центар ја заврши реконструкцијата на три улици во Буњаковец

  • 7 август 2017
  • Број на прегледи: 74
  • 0 Коментари

Градоначалникот Андреј Жерновски и општинските служби го исполнија ветувањето на жителите дека триесет години старите улици  „Апостол Гусларот“,  „Борка Талески“ и „Стеван Јакимов Дедов“ конечно ќе добијат нов лик.

Деновиве интензивно се работеше и ударните дупки  кои создаваа големи проблеми на возилата во сообраќајот, но и на пешаците и нивната безбедност сега се минато, и движењето се одвива нормално по реконструиран коловоз.

Вкупната должина на која ќе се рехабилитираше  коловозот со гребење и поставување на нов асфалт е на 2500 м2.

Ова се три значајни улици,  и со ова oпштина Центар ги довршi отпочнатите активности за обновување и санација на улиците и просторот во населба Буњаковец, во делот околу основното училиште  „Ј.Х. Песталоци“.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.