mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Јавен повик за за доделување субвенции-пакет услуги за грижа на возрасни лица во домашни услови

  • 4 август 2017
  • Број на прегледи: 60
  • 0 Коментари

Врз основа на член 36 од Статутот на Општина Центар-Скопје („Службен гласник на Општина Центар-Скопје бр. 01/06 и 12/15) и точка 6 од Програмата за здравствена, социјална заштита и заштита на деца на Општина Центар-Скопје за 2016 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје бр. 20/2015), Општина Центар-Скопје објавува

 

 

Јавен повик

 

Општина Центар продолжува со реализација на проектот „Центар се грижи за возрасните“ за доделување субвенции-пакет услуги за грижа на возрасни лица во домашни услови.

 

Се повикуваат сите заинтересирани лица што ги исполнуваат условите да пополнат барање во Архивата на Општина Центар-Скопје. Заедно со барањето во Архивата треба да се поднесат:

 

-     Фотокопија од лична карта;

 

-     Фотокопија од потврда од последно примена пензија;

 

-     Фотокопија од медицински документ за здравствената состојба на лицето-барател.

 

Општи услови:

-     лицата што аплицираат да се на возраст над 64 години

-     лицата што аплицираат да се жители на Општина Центар-Скопје

 

Повикот ќе биде отворен и заинтересираните лица ќе можат да се пријавуваат сѐ до исцрпување на предвидените средства во Буџетот на Општина Центар за 2017 година.

 

 

 

        ОПШТИНА ЦЕНТАР

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.