mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Конкурс за финансирање на проекти од локален интерес во областа на сценската уметност

  • 25 јули 2017
  • Број на прегледи: 126
  • 0 Коментари

Врз основа на член 22, став 1, точка 5 од Законот за локална самоуправа (Службен весник на Р.М. бр.5/2002), Дел IV точка 1 од Програмата за култура на Општина Центар – Скопје (Службен гласник на Општина Центар – Скопје бр.19/2016) и одлуката за објавување на конкурс за избор на проекти од областа на сценската уметност (Службен гласник на Општина Центар – Скопје бр.10/2017), Општина Центар – Скопје распишува

 

КОНКУРС

За финансирање на проекти од локален интерес во областа на сценската уметност

 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Во функција на подршка, промоција, афирмација и унапредување на креативните можности и изразување на македонската културна сцена, Општина Центар зема обврска за финансиска подршка на проекти и институции од областа на културата заради обезбедување на сценски простор за театарски претстави за деца и возрасни, едукативни програми како и концерти и музички промоции.

УСЛОВИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ

Проектот треба да содржи минимум три од следните услови за да биде разгледуван од страна на комисијата:

Да е нов, иновативен во полето на современата изведувачка уметност;

Да овозможува достапност и пристап на културата до граѓаните;

Да вклучува активности за различни старосни групи;

Да ги афирмира младите професионалци во полето на современите изведувачки уметности;

Да е копродукција на уметници, соработка, финансиски подржан на национално ниво, од меѓународни донатори, партнери, фондови и други извори на финансирање;

Да вклучува креативни работилници за деца и млади;

Да промовира нови, иновативни изрази во сценската уметност.

ПРАВО НА УЧЕСТВО

На Конкурсот може да учестуваат:

Здруженија на граѓани и друг вид на регистрирани организации во полето на културата, кои професионално ја извршуваат дејноста во полето на сценските уметности (театар, танц, музика) чии дејности се одвиваат во Општина Центар – Скопје;

Пријавените здруженија на граѓани и организации да имаат најмалку една година работно искуство во полето на сценската уметност.

КРИТЕРИУМИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА КВАЛИТЕТОТ НА ПРОЕКТОТ

Проектот да содржи најмалку три од наведените услови за конкурирање;

Да има стручни кадри кои ќе бидат вклучени во проектот;

Да има добро формулирани цели и ефекти од имплементацијата на проектот;

Да содржи план за вклученост на заедницата во реализација на проектот;

Да работи на афирмирање и анимирање на нови културни простори во општината.

КОМИСИЈА ЗА ЕВАЛУАЦИЈА

Проектите ќе се евалуираат од стручна комисија формирана од Советот на Општина Центар – Скопје.

НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Пријавувањето на проектите се врши со доставување на пополнета пријава. Пријавите од овој конкурс ќе бидат објавени на интернет страницата на Општина Центар – Скопје (www.opstinacentar.gov.mk ) на денот на неговото објавување.

Пријавите треба да се доставават до Општина Центар – Скопје на адреса: ул. Михаил Цоков б.б. 1000 Скопје или со нивно предавање во архивата на Општината најдоцна до 16 часот на последниот ден од конкурсот.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ

- Пополнета пријава,

- портфолио на организацијата,

- биографии на лицата вклучени во проектот,

- правна потврда за регистрација и работа на организацијата/ ујп образец, или ДДР образец каде се гледа регистрирана дејност и 

- потврда за обезбеден простор каде ќе се изведуваат проектите (договор).

ПОСТАПКА ВО ВРСКА СО КОНКУРСОТ

Нема да бидат разгледувани следниве пријави: Пријави што се доставени по истекот на конкурсот, пополнети на несоодветен образец и нецелосно пополнети пријави.

Материјалите доставени со пријавите на конкурсот не се враќаат.

Конкурсот ќе трае 30 дена од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање, а ќе биде објавен и на интернет страната на Општина Центар – Скопје (www.opstinacentar.gov.mk).

За резултатите од конкурсот, учесниците ќе бидат писмено известени.

Проектите  поддржани од овој конкурс ќе бидат составен дел од Годишната програма за култура на Општина Центар – Скопје за 2017 година.

Износот на финансиската подршка на избраниот проект ќе биде одреден согласно големината и квалитетот на проектот, а во рамките на предвидените средства во Програмата за култура и Буџетот на општината.

Општина Центар – Скопје ќе склучи договор за финансирање со субјектот чиј проект ќе биде избран на овој јавен повик.

Дополнителни информации може да се добијат на тел. 02/3203-600 кај одговорниот државен службеник.                                              

Documents to download

  • PRIJAVA(.docx, 19,63 KB) - 13 download(s)
Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.