mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Јавна презентација и јавна анкета по ДУП Градска четврт И 09 - Нова железничка станица

  • 7 јуни 2017
  • Број на прегледи: 263
  • 0 Коментари

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр.199/14; 44/15; 44/15; 193/15; 31/16 и 163/16), Градоначалникот на Општина Центар-Скопје го издава следното

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

 

Се известуваат физичките и правните лица од oпфатот на ДУП Градска четврт И 09 - Нова железничка станица, Општина Центар - Скопје, дека Градоначалникот на Општина Центар-Скопје донесе Решение за спроведување на

 

 

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

по ДУП Градска четврт И 09 - Нова железничка станица,

Општина Центар и Општина Аеродром, Скопје, плански период 2017 - 2022, предлог план

 

 

Границата на зафатот е дефинирана:

- на северoисток границата се движи по осовината на Бул.„Кузман Јосифовски Питу“;

- на југоисток границата е поставена долж осовината на ул. „Борис Кидрич“;

- на југизапад границата се движи по осовината на ул. „3-та Македонска Бригада“;

- на северозапад границата се движи по осовината на ул.“Никола Карев“.

 

Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 8,6 ха.

 

Јавната презентација по Предлог-изменување и дополнување на ДУП Градска четврт И 09 - Нова железничка станица, Општина Центар и Општина Аеродром, Скопје, плански период 2017 - 2022, предлог план, ќе се одржи во просториите на Општина Центар-Скопје (ул.„Михаил Цоков“ бб) во сала за состаноци, барака 6, на ден 14.06.2017 година (среда) во 13.00 часот.

 

ДУП Градска четврт И 09 - Нова железничка станица, Општина Центар и Општина Аеродром, Скопје, плански период 2017 - 2022, предлог план ќе биде изложен во просториите на У.З. „Мирче Мацан“ (ул.„Пролет“ бр.39) секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот, од 12.06.2017 до 27.06.2017 година.

 

Соопштението за организирање на јавна презентација и јавна анкета ќе биде објавено на веб страната на Општина Центар-Скопје www.centar.gov.mk и на информацискиот систем е-урбанизам.

 

Контакт телефони 3203 605 и 3203 660 и email: planiranje@centar.gov.mk.

 

Во определениот рок заинтерeсираните физички и правни лица можат да доставуваат анкетни листови со забелешки и предлози по предлог планот.

 

Бр. 09-428/11

06.06.2017 год.

Скопје

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.