mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Дневен ред за 74-та седница на Советот на општина Центар

  • 15 мај 2017
  • Број на прегледи: 258
  • 0 Коментари

Врз основа на член 57 став 1 од Деловникот на Советот на Општина Центар-Скопје („Службен гласник на Општина Центар-Скопје бр.3/06 и 12/15), донесувам                   

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на 74-та

седница на Советот на Општина Центар-Скопје

 

 

Ја свикувам 74-та седница на Советот на Општина Центар-Скопје.

 


Седницата ќе се одржи на 15.5.2017 година /понеделник/ во 15 часот.

 

Усвојување на Записникот од 5-та седница на Советот.

 

За седницата го предлагам следниов

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

  1. Предлог-одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2018 година во Општинското основно училиште

„Кочо Рацин“.

 

  1. Предлог-одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2018 година во Општинското основно училиште „Димитар Миладинов“.

 

  1. Предлог-одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2018 година во Општинското основно училиште        „Јохан Хајнрих Песталоци“.

 

  1. Предлог-одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2018 година во Општинското основно училиште

„Коле Неделковски“.

 

  1. Предлог-одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2018 година во Општинското основно училиште

„Гоце Делчев.

 

  1. Предлог-одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2018 година во Општинското основно училиште

„Св. Кирил и Методиј.

 

  1. Предлог-одлука за давање согласност на Годишниот план за  вработување за 2018 година во Општинското основно училиште             „11 Октомври“.

 

 

  1. Предлог-одлука за давање согласност за прием на поголем број        деца во воспитните групи во однос на предвидениот проектиран капацитет во Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар-Скопје Кочо Рацин-Скопје.

 

  1. Предлог-одлука за давање согласност за прием на поголем број деца во воспитните групи во однос на предвидениот проектиран капацитет во Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар-Скопје

13 Ноември-Скопје.

 

10.      Предлог-oдлука за давање на користење простор во

 Урбаната заедница „Славе Георгиевски Шнајдерот’’-

      Општина Центар-Скопје.

 

11.      Предлог-oдлука за давање на користење простор во

 Општинското основно училиште „Капиштец’’

 Општина Центар-Скопје, во населба Капиштец.

 

12.      Предлог-одлука за давање согласност за користење

      дополнителен простор во катната гаража „Судска палата’’

 на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во

 Република Македонија-Канцеларија за односи со јавност.

 

13.      Разгледување на Кварталниот извештај за извршување на

      Буџетот на Општина Центар-Скопје, за I квартал 2017 година.

 

14.      Предлог-одлука за прераспределба на средства во Буџетот

 на Општина Центар-Скопје за 2017 година.

 

15.      Предлог-програма за работа во областа на располагањето

 со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија

      на подрачјето на Општина Центар-Скопје за 2017 година.

 

16.      Предлог-одлука за ослободување од побарување на финансиски  

      средства по основа на Договор за закуп на деловен простор.

 

17.      Предлог-одлука за доделување парични средства на

      Кокан Ајановски.

 

18.    Предлог-одлука за одобрување парична помош

 за лекување на Ѓорѓи Митковски.

Печати
 
Категории: Општи
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
5.0

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.