mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Амбасадорот Бејли и градоначалникот Андреј Жерновски го отворија „Американското катче во Центар“

  • 10 мај 2017
  • Број на прегледи: 262
  • 0 Коментари

Амбасадорот на САД, Н.Е. Џес Бејли и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска го отворија „Американското катче“. Ова е нов простор и почеток на ново партнерство помеѓу САД и општината. Бенефитот кој граѓаните ќе го имаат од ова катче голем. Катчето располага со богат бесплатен библиотечен фонд со современа литература области како економија, менаџмент, бизнис, култура, книжевност, право и политика. Младите и студентите тука ќе може да се информираат за студентски размени и стипендии за студирање во САД. Покрај ова, ќе се одржуваат и бесплатни обуки, предавања на експерти од САД и консултации, но и културни настани. Ова ќе биде нов простор за учење, информирање и вмрежување на младите.

“Ова е трето катче кое САД го отвораат во Република Македонија и ова е ‘трета среќа’ за уште поголемо пријателство и соработка. Се надевам дека ова ќе биде ваше место. Досега, од 17 до 20.000 посетители секоја година ги посетуваа Американските катчиња. Очекуваме и повеќе“, рече амбасадорот Бејли.

Тој ги посочи и другите актвиностите во програмата, како што се англиски за правници, програма за таленитрани средношколци, која посебно ја поддржува, а нуди можност средношколците од Македонија да студираат со стипендија во САД.

Бејли му се заблагодари на градоначалникот на општина Центар, Жерновски и на вработените кои, како што рече, ќе го направат интересен и жив простор.

Жерновски, поздравувајќи го амбасадорот и присутните, рече дека денешниот настан и отварањето на Американското катче на територијата на општина Центар го покажува партниерскиот однос меѓу САД и Македонија.

“Од овој момент, ова ќе биде простор на граѓаните кои добиваат низа бенефиции, како што е пристап до сериозен библиотечен фонд. Очекувам најмногу да биде посетена од младите, кои сакаат да научат за образовниот процес во САД  и да се запознаат со можностите за добивање стипендии во САД“, рече Жерновски.

Жерновски најави и вети дека партнерскиот однос ќе се гради и натаму.

Младите, но и сите граѓани ќе имаат можност за учење на Американската историја и култура и ќе нуди практична помош за младите кои сакаат да студираат во САД. Ова е нова можност, нова генерација на млади луѓе да се запознаат и да го шират пријателството меѓу двете држави.

Американското катче се наоѓа во катната гаража “Судска палата“. Отворено е преку неделата од 10:00-20:00 часот и сабота 10:00-14:00 часот.


 


 

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.