mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Јавен повик за прием на нови барања за проектот “Центар се грижи за возрасните“

  • 20 април 2017
  • Број на прегледи: 64
  • 0 Коментари

Врз основа на член 36 од Статутот на Општина Центар-Скопје („Службен гласник на Општина Центар-Скопје бр. 01/06 и 12/15) и точка 6 од Програмата за здравствена, социјална заштита и заштита на деца на Општина Центар-Скопје за 2016 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје бр. 20/2015), Општина Центар-Скопје го објавува следниов јавен повик:

 

 

Јавен повик

 

 

Проектот „Центар се грижи за возрасните“ почнува да се реализира и во периодот од 20.04.2017 година (четврток) до 27.04.2017 година ќе се примаат нови барања за доделување субвенција за нега во домашни услови.

 

Се повикуваат сите заинтересирани лица што ги исполнуваат условите да пополнат апликација во Архивата на Општина Центар-Скопје. Заедно со апликацијата во Архивата треба да се поднесат:

 

-      Фотокопија од лична карта

 

-      Фотокопија од потврда за последна исплатена пензија

 

-      Фотокопија од медицински документ за здравствената состојба на лицето-барател

 

Општи услови:

-      лицата што аплицираат да се на возраст над 64 години

-      лицата што аплицираат да се жители на Општина Центар-Скопје

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.