mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Општина Центар го осудува сечењето на зеленило од Град Скопје

  • 18 април 2017
  • Број на прегледи: 114
  • 0 Коментари

Општина Центар го осудува последниот потег на Град Скопје да ги исече зимзелените садници на потегот од Триумфалната порта до ГТЦ.

Се работи за оформени, високи и здрави садници, кои го красеа овој дел на централното градско подрачје веќе триесетина години. Ова беше единствената зелена оаза која се наоѓаше сред бетонот.

Садниците се исечени од ЈП „Паркови и зеленило“, со налог од град Скопје. Несфатливо е кому и зошто му пречеше зеленилото кое го красеше просторот и беше место за починка на граѓаните.

Општина Центар  не беше ниту известена  за ова несфатливо уништување на зеленилото. Повторно укажува приоритет на општинското раководство  е задржување на постојното и засадување ново зеленило и дрвја.

Во периодот од доаѓањето на новото раководство и на Андреј Жерновски за градоначалник , обновени се 70.000 м2 зелени површини и засадени се 255 нови дрвја.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.