mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Општина Центар го одбележа Светскиот ден на уметноста

  • 13 април 2017
  • Број на прегледи: 186
  • 0 Коментари

По петти пат во светот, а по трет пат во Република Македонија, во организација на општина Центар и Асоцијацијата ИКОН, се одбележа Светскиот ден на уметноста.

Климе Коробар од ИКОН се заблагодари за поддршката од општина Центар, посочувајќи дека годинава, тематската изложба на 20 македонски уметници е религијата и уметноста.

“Светскиот ден на уметноста е поттик на сегашните и идните генерации да ја осознаат важноста на уметноста низ вековите. Во Република Македонија од особена важност е одбележувањето на Светскиот ден на уметноста, затоа што живееме во општество кое е поделено по етничка, верска, партиска и за жал, по социјална основа, а уметноста е таа која што не знае за вакви поделби, уметноста е таа која обединува. Општина Центар со задоволство учествува во одбележувањето на овој ден“, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Општина Центар изработи каталог со делата на уметниците.

Светскиот ден на уметноста се одбележува на 15-ти април, бидејќи тоа е роденденот на Леонардо Да Винчи, безвременска личност како сликар, скулптор, мислител, писател, иноватор, математичар и филозоф.

Изложбата ќе биде отворена во наредните 15 дена во Националната Галерија во Мала Станица.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.