mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА по Предлог-изменување и дополнување на блок 11 во Детален урбанистички план Градска четврт Ј 07

  • 13 април 2017
  • Број на прегледи: 92
  • 0 Коментари

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр.199/14, 44/15, 44/15, 193/15, 31/16 и 163/16), Градоначалникот на Општина Центар-Скопје го издава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Се известуваат физичките и правните лица од oпфатот на блок 11 во Детален урбанистички план Градска четврт Ј 07 - локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара, Општина Центар-Скопје, дека Градоначалникот на Општина Центар-Скопје донесе Решение за спроведување на

 

 

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

по Предлог-изменување и дополнување на блок 11 во Детален урбанистички план Градска четврт Ј 07-локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара, Општина Центар-Скопје

 

Границата на зафатот е дефинирана:

- од север по оската на  ул.„Питу Гули“;

- од североисток по крајна граница на вертикални комуникации до пресекот со оската на ул.„Питу Гули“ и продолжува по граница на КП 1271 , КП 1261, КП 2917/7 и КП 2917/3;

- од југ по оска на ул.„Ацо Караманов“;

- од југозапад по оска на ул.„Питу Гули“;

- од запад по оска на ул.„Питу Гули“.

 

Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 5,37 ха.

 

Јавната презентација по Предлог-изменување и дополнување на блок 11 во Детален урбанистички план Градска четврт Ј 07 - локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара, Општина Центар-Скопје, ќе се одржи во просториите на Општина Центар-Скопје (ул.„Михаил Цоков“ бб) во сала за состаноци, барака 6, на ден 26.04.2017 година (среда) во 13.00 часот.

 

Предлог-изменување и дополнување на блок 11 во Детален урбанистички план Градска четврт Ј 07 - локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара, Општина Центар-Скопје ќе биде изложен во просториите на ООУ „Кочо Рацин“ (ул.„Салвадор Аљенде“ бр.2) секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот, од 18.04.2017 до 03.05.2017 година.

 

Соопштението за организирање на јавна презентација и јавна анкета ќе биде објавено на веб страната на Општина Центар-Скопје www.centar.gov.mk и на информацискиот систем е-урбанизам.

 

Контакт телефони 3203 605 и 3203 660 и email: planiranje@centar.gov.mk.

 

Во определениот рок заинтерeсираните физички и правни лица можат да доставуваат анкетни листови со забелешки и предлози по предлог планот.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.