mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Зелена и цветна оаза на булеварот Св. Климент Охридски

  • 10 април 2017
  • Број на прегледи: 185
  • 0 Коментари

На местото на запуштениот просторот кај булеварот “Св. Климент Охридски“, спорти бензинската пумпа “Макпетрол“ на улицата  “Орце Николов“, општина Центар направи нов мини парк.

Со новото хортикултурно уредување, центарци и сите жители кои поминуваат тука, имаат чувство дека се наоѓаат во мала оаза во урбан простор.

Паркот е уреден во модерен, геометриски стил со високи дрвја, со обликувана крошна во вид на квадрат, а под нив се насадени геометриски распоредени зимзелени растенија. Новото зелено катче во општина Центар е со површина од 650 м2, со засадени 420 садници од 9 различни видови. Дел од нив се зимзелени садници и грмушки, листопадни грмушки, а дел се цветни, со прекрасни розеви и бели цветови.

Просторот го красат 12 платани и 2 индиски јорговани, со крошна во вид на чадор, поставени на квадратни основа. 

Бојата на паркот ќе биде секогаш зелена. На целиот дел е поставен тревен бусен, а за одржување и за поубав изглед на зеленилото, има автоматски систем за налевање. Дел од паркот ќе биде колоритен, со цветни и зимзелени грмушки, кои ја менуваат бојата во сезони.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.