mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови

  • 27 март 2017
  • Број на прегледи: 281
  • 1 Коментари
 Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. весник на РМ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16) Градоначалникот на Општина Центар-Скопје распишува

                 

Ј А В Е Н   П О В И К

 

за доставување иницијативи за изработка на

урбанистички планови

 

 

          Јавниот повик се распишува во согласност со член 21 став (1) од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. весник на РМ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16), во првиот квартал од 2017 година.

            Јавниот повик ќе трае од 27.03.2017 до 26.04.2017 година или 30 дена, сметано од објавувањето во дневниот весник „Слободен печат“.

          Во текот на јавниот повик, сите заинтересирани физички и правни лица можат да достават иницијативи за изработување и донесување на урбанистички планови од членот 7 став (1), точка 2, алинеја 2 и 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, во електронска форма  преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма преку архивата на општината.

          Предмет на иницијатива може да биде донесување нов урбанистички план или изменување и дополнување на важечки урбанистички план, со образложение за бараните изменувања и предлог за планскиот опфат.

          За доставените иницијативи подносителите ќе бидат известени во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма, во рок од 15 работни дена по истекот на рокот за доставување на иницијативи.

          Средствата за прифатените иницијативи за изработување и донесување на урбанистичките планови треба да ги обезбедат правните или физичките лица подносители на иницијативите.

          Јавниот повик ќе биде објавен на интернет страната на Општина Центар-Скопје, www.opstinacentar.gov.mk, на огласна табла во општината, во информацискиот систем е-урбанизам, во „Службен гласник на Општина Центар - Скопје“ и во дневниот весник „Слободен печат“.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
5.0

1 коментари за веста "Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови"

Lejla

06.04.2017 13:30

Dali gradonacalnikot ima namera vo negoviot mandat da donese barem eden DUP na nivo na opstina Centar?

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.