mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Жерновски: Трајановски веднаш да ја повлече незаконската одлуката за изградба на улица на Кеј

  • 19 март 2017
  • Број на прегледи: 142
  • 0 Коментари

Вчера, Град Скопје и ВМРО-ДПМНЕ повторно се обидоа да ги кршат законите и да ги манипулираат граѓаните, кои мора да ја знаат вистината за улицата која Град Скопје сака да ја прави на кејот на Вардар и чија е одговорноста за оваа незаконска одлука.

Во посточекиот ДУП за Мал Ринг, никаде нема предвидено таква улица, туку подземна сервисна улица, како што и јасно се гледа на планот. (види прилог)

Град Скопје, под чија ингеренција е кејот, донесе незаконска одлука да го узурпира шеталиштето и да направи сервисна улица, која според  актуелниот ДУП - никаде не постои. Лага е дека тоа ќе биде повторно шеталиште или дека улицата ќе биде само за достава. Ако е така, рестораните и сега го користат кејот за достава и затоа нема потреба ништо да се гради. Доколку е потребна сервисна улица за зградата на Телеком, таа мора да биде направена под земја, согласно важечкиот ДУП.

Општина Центар досега ја блокираше изградбата на улицата со сите расположливи правни механизми и ќе продолжи тоа да го прави за да се заштити овој дел на кејот на Вардар.

Го повикуваме државниот инспекторат веднаш да го преиспита ова незаконски издадено одобрение за градба од страна на Град Скопје. И како што е практика на ВМРО-ДПМНЕ, ова одобрение, градоначалникот Коце Трајановски го потпишал на 31-ви декември, во ден сабота.

Градоначалникот Коце Трајановски и неговата партија мора да разберат дека од пролетта 2013-та година, општина Центар престана да биде полигон за незаконски и криминални активности.

Инспекциските служби на Општина Центар ќе направат увид во постоечката документација и ќе го информираат државниот инспекторат, за истиот да се произнесе за оваа незаконска градба.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.