mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Општина Центар го реновира осветлувањето во основните училишта

  • 14 март 2017
  • Број на прегледи: 170
  • 0 Коментари

Општина Центар започна со комплетна санација на надворешното осветлување во седумте основни училишта на територија на општината.

Првата интервенција е веќе извршена во основното училиште “Јохан Хајнрих Песталоци“. Постоечките улични светилки се заменети со 12 штедливи светилки во внатрешноста на дворното место, заменет е скинатиот кабел и четирите светилки во задниот дел од дворот на училиштето, кои не беа во функција, сега се поpравени. На влезот на училиштето поставени се двојно појаки светилки. Дополнително е осветлен и надворешниот паркинг, со многу посилно осветлување од постојното. Службите во општината извршија проверка и замена на светилките на игралиштето во основното училиште.

И во основното училиште “Коле Неделковски“ заменети се 10 појаки светла.

Денеска се врши интервенција во основното училиште “Св. Кирил и Методиј“. Општина Центар ќе продолжи со санација на комплетното осветлување во сите основни училишта, со цел поголема видливост, а со тоа и безбедност на учениците.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.