mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Средба на Жерновски со амбасадорите на Турција и Франција

  • 9 март 2017
  • Број на прегледи: 73
  • 0 Коментари

Градоначалникот на општина Центар, денеска во својот кабинет оствари средба со амбасадорот на Република Турција во Скопје, Н.Е.Тулин Еркал Кара.

Двајцата соговорници разменија мислења за актуелната политичка состојба во Република Македонија. Заедничи беше констатирано дека мора да се најде решение за надминување на кризата, да се избере претседател на Собранието и да се конституира новата Влада пред која стојат многу итни реформски задачи. Нагласена е одговорноста  на сите чинителите на политичките процеси, бидејќи политичката криза го блокира фунционирањето на економијата и бизнис климата во државата.

Градоначалникот Жерновски и амбасадорот Кара  ја разгледаа  ситуацијата  и подобрување на и онака добрите односи меѓу двете држави и можоста за  соработката и реализирање заеднички проекти  на општина Центар со локалната самоуправа воТурција.

Градоначалникот Жерновски денеска ќе оствари официјален ручек и со амбасадорот  на Француската Република, Н.Е. Кристиан Тимоние во неговата резиденција.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.