mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Исчистете ги домовите од опасен отпад

  • 9 март 2017
  • Број на прегледи: 457
  • 0 Коментари

Општина Центар во текот на месец март ја продолжува големата еко  акција за собирање на отпадната електрична и електронска опрема. На целата територија на општината, собирањето ќе се врши директно од домовите на граѓаните, преку ефикасен и економски одржлив систем за собирање, селектирање, рециклирање, преработка и отстранување на отпадна електрична и електронска опрема.

Граѓаните можат да се пријавуваат во урбаните заедници, каде што на координаторите ќе им  ги остават своите контакт податоци како и видот и количината на отпадот што го поседуваат.

Согласно евидентниот лист од секоја урбана заедница, колективниот постапувач "Нула отпад" од Скопје во договор со пријавените граѓани, ќе спроведе бесплатно подигнување на отпадот од домовите.

Пријавувањето на граѓаните е на телефонските броеви, во 4 урбани заедници.

ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД УРБАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ: ДАНЕ КРАПЧЕВ, НАУМ НАУМОВСКИ – БОРЧЕ, ВАСИЛ АНТЕВСКИ – ДРЕН И МИЛЕ АРСОВСКИ

тел. 076/496-327 од 8 до 16 часот

ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД УРБАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ: МИРЧЕ МАЦАН, СЛАВЕ ГЕОРГИЕВСКИ - ШНАЈДЕР, РАДЕ ЈОВЧЕВСКИ - КОРЧАГИН И КРЊЕВО

тел. 076/496-329 од 8-16 часот

ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД УРБАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ: РОБЕРТ ГАЈДИЌ, БОТЕ БОТЕВСКИ, БЛАГОЈА ДЕСПОТОВСКИ – ШОВЕЉ И МИРЧЕ АЦЕВ

тел. 076/496-328 од 8-16 часот

ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД УРБАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ: НЕВЕНА ГЕОРГИЕВА – ДУЊА, МИТО ХАЏИВАСИЛЕВ – ЈАСМИН, КОЧО РАЦИН И БОРО ПЕТРУШЕВСКИ - ПАПУЧАР

тел. 076/496-325 од 8-16 часот

Проектот се спроведува во партнерство со колективниот постапувач - организацијата "Нула отпад" од Скопје, која што е задолжена за собирање и комплетен третман на отпадот.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.