mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Пролетно чистење на општина Центар

  • 7 март 2017
  • Број на прегледи: 381
  • 0 Коментари

Општина Центар започна со редовното пролетно чистење. Оваа година, акцијата стартува во Градски Sид, односно во сите негови сегменти. Вчера машински се чистеа улиците, плочниците и тротоарите на просторот позади "Просветно дело",  кај Францускиот културен центар и полициската станица Беко -Центар.

Од денес започнува машинското чистење позади "Агромеханика", кај популарниот "Плочник".

"Еко-бригадата за чист Центар" работи со голема цистерна од 8 метри кубни за миење на улиците, специјално возило со капацитет од 3 метри кубни за собирање на сметот на пешачки и други патеки, зглобна цистерна за миење на тротоарите и велопатеките, метачка или шмит машина за метење на улиците и патеките со четки за собирање на прашината и две сезонски машини за вшмукување на лијса.

Се користат и посебни еколошки средства за чистење и дезинфекција на плочниците, тротоарите и деловите од улиците.

Општината продолжува со редовното рачно собирање на сметот, а наскоро почнува и косењето на тревните површини. По чистењето кај Францускиот културен центар, општина Центар продолжува со пролетното генерално чистење во Маџир Маало, Крњево и Кале.

Жителите на Центар ќе можат да се јавуваат и да ја повикаат "Еко-бригадата" на телефонскиот број 02/3203-600.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.