mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

Директорите на училиштата од Центар кај Жерновски

  • 6 март 2017
  • Број на прегледи: 315
  • 0 Коментари

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска ги повика директорите на 7-те основни општински училишта за да разговараат околу случувањата со провокативните и политички натписи кои се појавија на некои училишта. На училиштето „Гоце Делчев“, кое е на територија на Центар, беше залепен плакат на кој пишува „Парична казна од 5.000 евра за секој што не знае албански јазик“.

На средбата беше присутен и командирот на Полициската станица „Центар“, кој им повтори на директорите дека поставување на вакви написи во училиштата, како и агитирање внатре во училиштата, претставува кривично дело. Кривично дело е и отстранувањето на плакатот, бидејќи со тоа се уништуваат и дел од доказите против сторителите.

Директорката на ООУ „Гоце Делчев“ јасно посочи дека вакво политичко агитирање е труење на децата и дека треба да биде најстрого санкционирано.

“Јас точно знам зошто е избрано училиште во општина Центар и зошто токму училиштето "Гоце Делчев", каде што учат моите две деца, но сакам уште еднаш да повторам дека инволвирање на децата и учениците за политички цели и интереси, во било кое училиште, нема да дозволам“, рече Жерновски.

Полицијата презема мерки за откривање на оние кои го поставија плакатот, а во и околу училиштата ќе има зголемено ниво на будност.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.