mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА по НАЦРТ-ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ГРАДСКА ЧЕТВРТ Ј 06-ДЕЛ ОД ЛОКАЛИТЕТ ТАСИНО ЧЕШМИЧЕ 1 И ТАСИНО ЧЕШМИЧЕ 2, ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ

  • 22 февруари 2017
  • Број на прегледи: 398
  • 0 Коментари

Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на РМ“ бр.51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14) Градоначалникот на Општина Центар-Скопје го издава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Се известуваат физичките и правните лица од oпфатот на Детален урбанистички план Градска четврт Ј 06- дел од локалитетот Тасино чешмиче 1 и Тасино чешмиче 2, Општина Центар-Скопје дека Градоначалникот на Општина Центар-Скопје донесе Решение за организирање на

 

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА по

НАЦРТ-ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ГРАДСКА ЧЕТВРТ Ј 06-ДЕЛ ОД ЛОКАЛИТЕТ ТАСИНО ЧЕШМИЧЕ 1 И ТАСИНО ЧЕШМИЧЕ 2, ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ

Границата на опфатот е дефинирана:

на север по оската на ул.„Белградска“;

на југ по јужната граница на КП 2741/2, КП 2741/1, КП 2742/1, КП 2743, КП 2744, КП 2746 и КП 2760, источната и јужната граница на КП 2763/1, јужната граница на КП 2763/1 и КП 2763/2, источната и дел од јужната граница на КП 2765;  

на запад по оската на ул.„Салвадор Аљенде“, на патот Скопје-Горно Водно и линијата што ги сече КП 2765 и КП 2886;

на исток по оската на ул.„Црниче“.

 

Вкупната површина опфатена со опишаните граници изнесува 50,04 ха.

 

Јавната презентација по Нацрт-ДУП Градска четврт Ј 06- дел од локалитетот Тасино чешмиче 1 и Тасино чешмиче 2, Општина Центар-Скопје ќе се одржи во Општина Центар-Скопје (ул.„Михаил Цоков“ бб) во салата за состаноци во барака 6 на 06.03.2017 година (понеделник) во 12.00 часот.

 

Нацрт-ДУП Градска четврт И 02-Ново Маало 1, Општина Центар-Скопје ќе биде изложен во ООУ„Кочо Рацин“ (ул.„Салвадор Аљенде“ бр.2) секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот, од 22.02.2017 до 15.03.2017 година.

 

Соопштението за организирање на јавна презентација и јавна анкета ќе биде објавено во „Утрински весник” и „Слободен печат”. Соопштението, синтезниот план и анкетниот лист ќе бидат објавени на веб страната на Општина Центар-Скопје (www.centar.gov.mk).

 

Контакт: planiranje@centar.gov.mk, 3203 605 и 3203 660.

 

Во определениот рок заинтерeсираните правни и физички лица можат да доставуваат забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.