mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА по НАЦРТОТ-ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ГРАДСКА ЧЕТВРТ И 03-ЛОКАЛИТЕТ МИРЧЕ МАЦАН, ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ

  • 22 февруари 2017
  • Број на прегледи: 350
  • 0 Коментари

Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на РМ“ бр.51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13, 42/14) Градоначалникот на Општина Центар-Скопје го издава следното

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Се известуваат физичките и правните лица од oпфатот на Детален урбанистички план Градска четврт И 03-локалитет Мирче Мацан, Општина Центар-Скопје, дека Градоначалникот на Општина Центар-Скопје донесе Решение за организирање на

ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА по

НАЦРТОТ-ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ГРАДСКА ЧЕТВРТ И 03-ЛОКАЛИТЕТ МИРЧЕ МАЦАН, ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ

 

Границата на опфатот е дефинирана:

на североисток по оската на ул.„Трета Македонска бригада“;

на југоисток по оската бул.„Крушевска Република“;

на југозапад по оската на ул.„11-ти Октомври“;

на северозапад по оската на бул.„Кочо Рацин“.

Вкупната површина опфатена со опишаните граници изнесува 9,34 ха.

Повторната јавна презентација на Нацрт-Детален урбанистички план Градска четврт И 03-локалитет Мирче Мацан, Општина Центар – Скопје, ќе се одржи во просториите на Општина Центар-Скопје, ул.„Михаил Цоков“ бб, во сала за состаноци во барака 6 на ден 01.03.2017 година (среда) во 12.00 часот.

Нацртот-Детален урбанистички план Градска четврт И 03-локалитет Мирче Мацан, Општина Центар-Скопје ќе биде повторно изложен во просториите на УЗ„Мирче Мацан“ (ул.„Пролет“ бр.39) секој работен ден од 08-16 часот од 22.02.2017 година до 08.03.2017 година.

Соопштението за организирање на повторна јавна презентација и јавна анкета ќе биде објавено во дневните весници „Утрински весник” и „Слободен печат”. Соопштението, синтезниот план и анкетниот лист ќе бидат објавени на веб страната на Општина Центар-Скопје (www.centar.gov.mk). 

Контакт: planiranje@centar.gov.mk, 3203 605 и 3203 660.

Во определениот рок заинтерeсираните правни и физички лица можат да доставуваат забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.