mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање на барања за средства од буџет на општина Центар за програмски активности на здруженија и фондации

  • 9 февруари 2017
  • Број на прегледи: 534
  • 0 Коментари

ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ

Врз основа на Законот на здруженија и фондации (,,Службен весник  на РМ,, бр.52/2010),

Општина Центар-Скопје објавува

 

 

Ј А В Е Н  П О В И K

за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2017 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации

 

 

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2017 година, од програмата ЕО, подставка 463110 - Трансфери до здруженија и фондации, наменети за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите ќе се врши врз основа на критериумите и приоритетите дадени во овој повик.

 

1.   Видот на проектите кои ќе бидат подржани

Средствата од Буџетот на Општина Центар - Скопје ќе се користат за финансирање  на програмски активности на здруженија и фондации.

Здруженијата и фондациите треба да понудат креативни и иновативни проекти со осмислени програми и содржини кои можат да се имплементираат во Општина Центар -  Скопје во областите определени во Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2017 година, бр.08-372/6 од 31.01.2017 година, донесена од Советот на Општина Центар-Скопје (Службен гласник на Општина Центар-Скопје бр.01/2017 од 02.02.2017 година).

 

2.   Предвидени средства

За финансирање на понудените програмски активности, согласно овој повик, ќе се користат средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2017 година.

 

3.   Доставување извештај

Здруженијата и фондациите на кои ќе им бидат доделени средства согласно Програмата, по завршувањето на своите програмски активности да достават извештај за користењето на средствата до Секторот за финански прашања на Општина Центар-Скопје и завршна сметка.

 

4.   Основни  критериуми

Основни  критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата и фондациите кои ќе учествуваат на овој повик се:

 

-       Да се регистрирани според Законот за здруженија и фондации, со седиште во Општина Центар-Скопје;

-       Да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес во согласност со Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите на Општина Центар-Скопје за 2016 година.

 

 

5.   Потребна документација која здружението/фондацијата треба да ја достави кон Пријавата за финансиска подршка на здруженија и фондации.

 

Здруженијата и фондациите кои учествуваат на огласот треба да достават:

1.    Пријава за финансиска подршка;

2.    Предлог проект;

3.    Статут и решение за регистрација на здружението или фондацијата;

4.    Активна трансакциска сметка на здружението или фондацијата кое се пријавило на јавниот повик на која можат да се префрлат добиените средства.

5.    Тековна состојба од централен регистер на РМ

 

Напомена: Пријавите со непотполна документација или пријавите доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

 

 

6.   Рок и начин на доставување на пријавите.

 

Рок за поднесување на пријавите е 15 (петнаесет) дена од денот на објавување во дневен весник и на веб страницата на Општина Центар-Скопје.

Пријавата со целокупната документација може да се достави преку пошта, на адреса:

 

Општина Центар-Скопје

ул.Михаил Цоков бб

1000 Скопје

 

или во архивата на Општина Центар- Скопје (барака 6) од 09:00 до 15:00 часот.

 

Здруженијата и фондациите учесници на Јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по објавувањето на Одлуката за распределба на средствата во Службен гласник на Општина Центар-Скопје.

 

Називите на здруженијата и фондациите кој добиле средства за проектите од областите во Програмата за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации, ќе бидат објавени на веб страницата на Општина Центар- Скопје (www.opstinacentar.gov.mk).   

 

 

ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ


Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.