mk-MKen-US
Општина
Центар

Новости

ЈАВЕН ПОВИК ЗА НАГРАДУВАЊЕ НА НАЈДОБРИ ПРОЕКТИ (БИЗНИС ПЛАНОВИ)

  • 27 декември 2016
  • Број на прегледи: 856
  • 0 Коментари

Со цел развивање на претприемничкиот дух на младите од општината, насочување на размислувањето на младите во еден современ контекст, контекст во кој самите се креатори и реализатори на сопствените идеи од кои можат да заработуваат.

Општина Центар, во рамките на проектот Центар за претприемништво објавува јавен повик за наградување на изработени проекти (бизнис планови).

Повикот е отворен за млади граѓани од општина Центар( млади лица од 18 до 30 години).

Вкупниот фонд на средства за награди, кои ќе се доделат на овој повик изнесува 150.000 денари. Во рамките на овој фонд предвидено е да се доделат награди од по 30.000 денари за избраните апликации.

 

Бизнис плановите со кои ќе конкурираат младите од Општина Центар-Скопје треба да содржат:

   -Опис на бизнис идејата

   -Истражување на пазарот

   -Анализа на конкуренцијата

   -Клучни фактори за успех

   -Бариери за инвестирање и влез на пазарот

   -Маркетинг план

   -Ресурси

   -Очекувана побарувачка/продажба

   -Финансиски план

 

Критериуми врз основа на кои ќе се врши изборот oд соодветна комисија и наградувањето на најдобрите проекти (бизнис планови), со кои ќе конкурираат младите од Општината се:

 

   -Да цели кон вработување на жители од општината

   -Одржливост и развојност на проектот

   -Проектната идеја да е иновативна

 

Потребни документи за аплицирање на повикот:

   - Пријава за повикот – во прилог на овој повик

   - Копија од документ за лична идентификација

   - Кратка биографија на апликантот

   - Бизнис план

 

Целокупната документација се доставува во електронска форма на centarzapretpriemnistvo@gmail.com  најдоцна до 31ви Јануари 2017та година до 16:00 часот.

 

Пријавите добиени по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

Задолжително е апликантите да се жители на општина Центар.

Печати
 
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.