mk-MKen-US
Општина
Центар

ЖОК “Работнички“ со четврта победа во одбојкарската лига

Женската одбојкарска екипа “Работнички“во  четвртиот  натпревар од првенствто во одбојка за жени ја декласираше екипата на ОК Универзитет „Гоце Делчев“ од Штип.

Одбојкарките на “Работнички“ беа надмоќни на теренот и натпреварот го добија со 3:0.

Со ова тие се непоразени во досегашните натпревари во првенството.

Екипата на “Работнички“ е шампион во одбојка за сениорки, а минатата година го освоија и Купот на Македонија.

Општина Центар и натаму ќе го поддржува ЖОК “Работнички“ – нашиот шампион во одбојка.

  • Галерија
  • Коментари

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.

Печати
Категории: Настани, Спорт
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
5.0