mk-MKen-US
Општина
Центар

Честитки и поддршка за сребрениот медал на машката одбојкарска репрезентација

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, и раководството на општината им честитаат за постигнатиот успех на сениорската одбојкарска репрезентација на Р. Македонија на CEV Европската лига 2015. Освоеното второ место е големо постигнување не само за нив, туку и за целата држава, особено што беше постигнат без никаква поддршка од надлежните државни институции.

Особено ни е драго што дадовме скормен придонес во постигнувањето на овие резултати.

Општина Центар, поддржувајќи го спортот, на одбојкарската машка сениорска репрезентација и’ се овозможи секојдевно, во изминатите 2 месеци, пред одржувањето на натпреварите од Европската Лига во градот Валбжих, Полска, да тренираат и да се подготват во салата на КК Работнички, клуб кој е во сопственост на општина Центар.

  • Галерија
  • Коментари
 

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.

Печати
Категории: Општи, Настани, Спорт
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
Нема оценка