mk-MKen-US
Општина
Центар

Завршија училишните спортски игри Центар 2015

Завршија училишните спортски игри Центар 2015

Денес, со двата меча во кошарка од лигата и училишните спортски игри Центар 2015, во салата на КК Работнички, завршуваат училишните спортски игри во општина Центар во кои беа вклучени сите 7 општински основни училишта.

Со завршните два меча ги определија првите три места во кошаркарката.

Пред многубројната публика, покрај спортскиот настан, во забавниот дел зедоа учество и паркур групата на Петар Стојановски, четири надежни лизгачи, како и хип-хоп групата Брејк-а-лег.

Доделени се наградите и признанијата на најдобрите спортисти во сите 4 спортски дисциплини: кошарка, фудбал, одбојка и ракомет.

Гости на завршната манифестација беа и одбојкарките на ЖОК Работнички, кои се едни од најуспешните спортски тимови во Македонија со освоени три титули, куп и шампионат во сениорска и купот во кадетска конкуренција.

Со одржување на училишните спортски игри Центар 2015, општина Центар, Советот на општината и градоначалникот уште еднаш покажаа дека се грижат за спортот и за формирање на навиките за здрав живот и секој од учесниците да може да го покаже својот талент и квалитет.

ПРОГЛАСЕНИ НАЈДОБРИТЕ:

Кошарка:

Најдобар играч – Марко Анастасов (ООУ Ј.Х. Песталоци)

Прв стрелец – Борјан Стојановски (ООУ 11ти Октомври)

Ракомет:

Најдобар играч – Лазар Ников (ООУ 11ти Октомври)

Прв стрелец – Дени Јованов (ООУ Кочо Рацин)

Одбојка (девојки):

Најдобар смечер – Ирма Ѓурѓевиќ (ООУ Гоце Делчев)

Најдобар играч – Моника Ангеловска (ООУ Димитар Миладинов)

Фудбал:

Најдобар играч – Божидар Митревски (ООУ Коле Неделковски)

Најдобар стрелец – Мишо Крстевски (ООУ Св. Кирил и Методиј)

По одиграниот фајнл-фор, прво место освоија учениците на ООУ 11ти Октомври, второ – ООУ Ј.Х. Песталоци и трето – ООУ Коле Неделковски.

  • Галерија
  • Коментари

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.

Печати
Категории: Настани, Спорт
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
5.0