mk-MKen-US
Општина
Центар

Одржан шампионатот во автомобилизам “Водно 2 2018“

Изминатиот викенд на Водно се одржа Државниот шампионат на Македонија во автомобилизам на ридски патеки “Водно 2 2018“.

Организатор на настанот е АКК Скопје, а поддржувач е општина Центар. Со поздравен говор, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ ги поздрави присутните и им посака среќа и успех на натпреварувачите.

47 учесници, од 4 европски земји во неделата се натпреваруваа во 7 различни дисциплини, а на трката ревијално учество зеде и македонскиот рели тркач, Игор Стефановски – Иџе.

Шампионатот помина во најдобар ред и без поголеми проблеми, а општината и понатаму ќе продолжи да го поддржува спортот и спортистите во општината.

  • Галерија
  • Коментари

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
5.0