mk-MKen-US
Општина
Центар

Првенство во шах на учениците од основните училишта во Центар

Првенство во шах на учениците од основните училишта во Центар

 

 Во рамките на „ Лига Центар 2017/2018 “, во аулата на ООУ Ј.Х.Песталоци се одржа поединечно првенство во шах на учениците од основните училишта на општина Центар .

 

Своето знаење го покажаа 52 ученици во две старосни групи,  од 1 до 5 одделение и од 6 до 9 одделение.

 

Се играше куп систем кој не е многу популарен кај шахистите, бидејки е елиминаторен, но е многу ефикасен кај почетниците.  Со медали се закитија 6 ученика.

На овој турнир победниците  се стекнаа со можност  да аплицираат на огласот за стипендии, кој ќе биде во текот на годината.Најуспешни во шахот се :

 

Од 1 до 5 одделение : Георг Фармакоски

Од 6 до 9 одделение : Леонид Петрески

 

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ им се заблагодари на учесниците и  им подели медали и пехари за најуспешните на овој турнир.

 

 



  • Галерија
  • Коментари

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
5.0