mk-MKen-US
Општина
Центар

Старт на Училишните спортски игри “Лига Центар 2018“

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, ја отвори “Лига Центар 2018“. Вкупно 350 ученици од сите седум основни училишта во општина Центар ќе се натпреваруваат во 4 спортски дисциплини и во шах.

“Во оваа спортска сала, во салата на ‘КК Работнички’, каде што ги отвораме спортските игри, јас израснав. Наша цел е да направиме уште подобри услови за спорт и рекреација на најмладите. Од 2018-та ќе обезбедиме поголем буџет за да го негуваме и развиваме спортот и спортскиот дух кај најмладите“, рече Богдановиќ, прогласувајќи ги спортските игри за отворени.

Богдановиќ ги додели решенијата за стипендии на 10 спортисти-ученици, кои покажаа најдобри резултати во претходната натпреварувачка сезона. Тие ќе добиваат стипендии од по 3000 денари во траење од 9 месеци.

Добитници на стипендиите се:

Даниел Асенов; ООУ Ј.Х. Песталоци – Фудбал (Најдобар стрелец)

Славко Трајковски; ООУ Коле Неделковски – Кошарка (Најдобар играч)

Ива Антевска; ООУ Димитар Миладинов – Одбојка (Најдобар смечер)

Мила Стевановска; ООУ 11-ти Октомври – Одбојка (Најдобар играч)

Горазд Попов; ООУ Кочо Рацин – Фудбал (Најдобар играч)

Гала Урдаревска; ООУ Коле Неделковски – Атлетика (Скок во далечина)

Леон Јанески; ООУ Ј.Х. Песталоци – Шах (Севкупен првак)

Камелија Најчевска; ООУ 11-ти Октомври – Атлетика (Скок во височина)

Давид Мирчевски; ООУ 11-ти Октомври – Ракомет (Најдобар играч)

Матеј Хаџи-Димов; ООУ Кочо Рацин – Кошарка (Најдобар стрелец)

  • Галерија
  • Коментари

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
4.3