mk-MKen-US
Општина
Центар

Заврши “Лига Центар 2017“, медали и пехари за најдобрите

Спортските игри “Лига Центар 2017“ завршија со доделување награди на најдобрите поединци и екипи.

Учествуваа 400 ученици од 7-те основни училишта на територијата на Општина Центар, кои се натпреваруваа во 5 спортски дисциплини: кошарка, ракомет, одбојка, фудбал и шах. Спортските ракометни легенди Наумче Мојсоски, Ванчо Димовски и големата ракометна надеж Филип Кузмановски, ги доделија пригодните награди.

Одбојка

1-во место ООУ “11ти Октомври“

2-ро место ООУ “Димитар Миладинов“

3-то место ООУ “Гоце Делчев“

За најдобар смечер е прогласена Ива Анчевска од ООУ “Димитар Миладинов“, а за најдобар играч, Мила Стефановска од ООУ “11-ти Октомври“.

Кошарка

1- во место ООУ “Коле Неделковски“

2-место ООУ “Кочо Рацин“

3-то место ООУ “Димитар Миладинов“

Најдобар стрелец е Матеј Хаџи Димов од ООУ “Кочо Рацин“, најдобар играч – Славчо Трајковски од ООУ “Коле Неделковски“

Фудбал

1-во место ООУ “Кочо Рацин“

2-ро место ООУ “Ј.Х. Песталоци“

3-то место ООУ “Коле Неделковски“

Најдобар стрелец е Даниел Асенов од ООУ “Ј.Х. Песталоци“, најдобар играч Горазд Попов од “Кочо Рацин“.

Ракомет

1-во место ООУ “11-ти Октомври“

2-ро место ООУ “Гоце Делчев“

3-то место ООУ “Кочо Рацин“

Најдобар стрелец – Никола Жерновски, а најдобар играч е Давид Мирчевски од ООУ “11-ти Октомри“.

Шах

Најдобар шахист во поединечна конкуренција од седумте основни училишта е Леон Јанески, од ООУ “Ј.Х. Песталоци“

Училишните спортски игри, кои ги организира општина Центар, веќе се традиционални и секоја година се поголем е интересот на учениците да спортуваат и да се натпреваруваат.

  • Галерија
  • Коментари

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.

Печати
Категории: Настани, Спорт
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
4.0