mk-MKen-US
Општина
Центар

Старт на „Училишната спортска лига Центар“

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, ја отвори „Училишната спортска лига Центар“.

Вкупно 336 ученици од сите 7 основни училишта во општина Центар, ќе се натпреваруваат во 4 спортски дисциплини: фудбал, кошарка, ракомет и одбојка.

„Општина Центар и јас како градоначалник ќе продолжиме да го негуваме и развиваме спортот и спортскиот дух кај најмладите“  , рече градоначалникот Жерновски, прогласувајки ги игрите за отворени.

Тој ги додели решенијата  за стипендии на 8 спортисти-ученици кои покажаа одлични резултати во претходната натпреварувачка сезона

Спортските игри беа отворени во салата на КК Работнички, а натпреварите ќе се играат во текот на учебната 2016/2017 година, во училишните спортски сали.

 

Добитници на стипендиите се :

Алекс Јачовски  - ООУ „Св. Кирил и Методиј“  - ракомет ( најдобар играч)

Гала Урдаревска – ООУ „Коле Неделковски “– атлетика ( скок во далечина и троскок)

Јасмин Муминовиќ – ООУ „11 Октомври“ – кошарка (најдобар стрелец)

Миле Божиноски – ООУ„ 11 Октомври“ – шах (најдобар шахист)

Мила Михајловска –ООУ „Димитар Миладинов“- одбојка – девојки ( најдобар играч)

Фахрудин Ченгиќ – ООУ „Св. Кирил и Методиј “– фудбал (најдобар стрелец)

Лука Наумовски – ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ – кошарка ( најдобар играч)

Катерина Ставревска – ООУ „Кочо Рацин“ – одбојка ( најдобар смечер)

Лука Станковски – ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ – фудбал ( најдобар играч)

  • Галерија
  • Коментари

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да објавувате коментари.

Печати
Означувања:
Оценете ја оваа вест:
5.0